Македонија

Боки 13 тврди дека му нуделе да не го осудат, а ги кажа и условите

Првобвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски на денешното рочиште пред судот излезе со обвинувања дека му било понудено да не биде суден ако кажел дека екс специјалната обвинителка, Катица Јанева е виновна за целиот случај и дека пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, земала пари.

– Ми беше понудено да не бидам осуден ако кажам дека Катица е виновна и дека Ременски земала пари, посочи Боки 13.

Претходно адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски од судот побара неговиот клиент да биде пуштен во домашен притвор, на кој предлог обвинителката Рускоска се спротивстави бидејќи како што посочи, Боки 13 бил фатен на граница со намера да бега.

На почеток