Скопје

Вработени во маркет во Скопје спречиле грабеж, разбојникот избегал

Вработени во маркет во Скопје спречиле грабеж при што оружениот разбојник избегал од местото на настанот, соопшти МВР.На 19.02.2020 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на ул.„11 Октомври“ едно лице со закана со пиштол се обиделo од вработените да одземе пари.

Oткако вработените му пружиле отпор разбојникот побегнал, при што турнало една од вработените, која се повредила.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: Архива
На почеток