Македонија

Уапсен пијан велешанец кој сам се пријавил дека искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

фото: Архива

На почеток