Магазин

(ВИДЕО)Загина лудиот Мајк, човекот кој сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Мајк Хјуз, попознат како „Мед Мајк“ загина  во падот на ракетата којашто самиот ја изградил во калифорниската пустина, објавија во неделата светските медиуми. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како ракетата полетува во пустината во Барстоу, Калифорнија и како паѓа набрзо потоа.

Ракетата на парен погон на 64-годишниот аматерски астронаут Мајк Хјуз се урнала набрзи по лансирањето во саботата во близија на градот Барстоу. Хјуз беше познат по своето убедување дека Земјата е рампа. Се надеваше дека својата теритотија ќе успее да ја докаже со лет во Вселената.

Во март, 2018 година Хјуз проба да се лансира во орбитата со друга ракета, но не стигна до таму, туку успеа да се дигне на нешто повеќе од 500 метри над Земјата. Тогаш успеа да се спушти безбедно на тлото со падобран.

„Се изморив од луѓето кои ми кажуваа дека не можам да направам ракета. Навистина се изморив од тоа, па затоа собрав сили и ја направив ракетата и полетав со неа“, рече Хјуз по слетувањето пред две години.

фото:  CNN.com

 

На почеток