Магазин

(ВИДЕО) Заев: До 1993-та одев на нивата во Мртино, таму копав, наводнував, берев се грижев за неа

Екс-премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на „Еден на еден“ на Канал 5 говореше и за своето детство поминато во родното Муртино.

„До 1993-та година одев на нивата што ја имаме во село Муртино. Таму копав, наводнував, берев се грижев за неа, за тие 4 хектари. После тоа се преселивме во Струмица“, вели Заев.

Заев зборуваше и за своите студентски денови при што кажа дека од 1993 до 1997 година студирал  на Економскиот факултет во Скопје.

„Имав сопствен стан и сам живеев. Тоа беа најубавите години, се знае студентските години се тоа. Тогаш имав обичен мотор и возев „Лада Самара“. Со неа бев главен фраер“, изјави Заев.

фото: АРХИВА

На почеток