нед. Апр 5th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Епидемијата во Италија со коронавирус е најголемата надвор од Азија

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. Потврдени 152 случаи, со што Италија стана трета земја во светот по бројот на заразени, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Досега се потврдени три смртни случаи. Вчера починаа повозрасни маж и жена, а денеска почина жена чија возраст не е соопштена, но станува збор за онколошки пациент.

Кина е на прво место со над 77.000 заболени, по што следи Јужна Кореја со 602 заразени.

Италија денеска ја надмина Јапонија во која се потврдени 153 случаи.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ:

фото: Архива