саб. Апр 4th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Средношколци од Пула ставени во карантин, откако се вратиле од екскурзија од Италија

Средношколци од Пула, кои биле две недели на екскурзија во Италија ставени во карантин. 42 ученици и четворица професори и покрај тоа што на граница биле детално прегледани и ниту еден немал симптоми на коронавирус сепак кога се вратиле дома од службите за епидемиологија на Хрватскиот институт за јавно здравје добиле совет да останат во домашна изолација и да не одат на училиште.

Учениците во текот на ноќта, се вратиле во своите домови, откако во неделата подолго време биле задржани на граница, каде биле прегледани, при што било утврдено дека никој нема симптоми. Кратко потоа им било дозволено да го продолжат патувањето кон Далмација.

фото: Архива