Македонија

Горивата поскапуваат, Регулаторна го објави новиот ценовник

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,5 денари за литар.

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 денари на 33,565 денари за килограм.

фото: Архива

На почеток