Магазин

Почина Ѓорѓи Желчески од дуетот Селимова – Желчески

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.  Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует.

Желчески подоцна се сели во Белград, а по неколкугодишна врска со  Кевсер Селимова се венчале и ја добиле ќерката Ана.

Социјалните мрежи и обожавателите на нивната музика се простуваат од својот идол.

Дуетот Селимова-Желчески снимија многу албуми, изведоја многу народни песни. Најпознати песни од нивниот репертоар се :„Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други.

фото: Vbox7

 

 

На почеток