Македонија

Мицкоски:Заев, Камчев, Груевски, Мијалков сите се добредојдени ако сакаат да донираат во ВМРО

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за утре повика на протест од кој, како што рече, ќе се побара  одговорност од главата на октоподот. Како што најави Мицкоски, протестот ќе започне во 18 часот пред Обвинителството на кејот на реката Вардар и ќе продолжи до Врховниот суд.

Мицкоски  кажа дека претстојната предизборна кампања ќе ја финансираат од членарина, донации и комерцијален кредит. Тој посочи дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра без оглед на, како што рече, тоа што државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април.

-Партијата на нејзината страница има поставено жиро-сметка и секој граѓанин во оваа држава којшто цени, еве вие на пример, или некој друг којшто цени дека треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, е добредојден да финансира. Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден – истакна Мицкоски.

фото: Архива

На почеток