Македонија

Костадинов: Од Будимпешта абер пристигна, Мицкоски ќе маршира за неправда!

Стравот и паниката од одговорност во ВМРО-ДПМНЕ ескалираа. Аберот од Будимпешта пристигна, Христијан Мицкоски извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда.
Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.
Токму тоа го обезбедува Законот за јавно обвинителство, кој е клучен за правдата и важен за европската перспектива на државата.
Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
Мицкоски и Груевски протестираа кога се отворија предметите против криминалците од ВМРО-ДПМНЕ, протестираа кога беше донесена пресудата против Груевски, протестираат и денес кога донесовме нов Закон за Јавно обвинителство кој е темел за реформите во судството.
Тоа е истата криминална врхушка, се уште непроменета се уште со старите навики на контра-протести на притисоци врз судството и бегање од правдата.
Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.
Секогаш кога Мицкоски ќе изговори правда, мисли на криминал. Мицкоки прави се за да го заштити неговиот шеф Груевски за злоделата.
Мицкоски, тој филм нема да го гледаш.
Можеш против правдата да протестираш, криминалот на твојот шеф и твоите пајташи нема да го одбраниш.

Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки. Сите ќе одговараат пред правдата и Мицкоски не може ништо да стори околу тоа.истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

фото и видео: СДСМ

На почеток