Свет

Со автомобил влетал во карневалска поворка во Германија, најмалку 30 повредени

Околу 30 лица се повредени откако автомобил влета во карневалска парада во западниот германски град Волкмарсен, соопшти полицијата. Полицијата не излегува со детали за инцидентот, освен дека несовесниот возач е уапсен и притворен.Регионалната телевизиска станица Хесеншау објави дека полицијата смета дека возачот, кој е идентификуван како 29-годишен германски државјанин, намерно влетал во толпата, но засега не се знае ништо за неговиот мотив, пренесе Ројтерс.

Локалните медиуми цитираа сведоци кои велат дека возачот намерно сакал да ги прегази децата и дека со голема брзина влетал во толпата која учествувала на традиционалната парада во пресрет на христијанскиот празник за Големиот пост.

На прашањето колку лица се повредени, портпаролот на полицијата во Регионалниот центар Касел вели дека има околу 30 лица. Весникот „Билд“ пренесува дека третина биле сериозно повредени.

фото: DW

 

На почеток