Македонија

Владата денеска ќе ја одржи редовната 11-та седница, еве кои се точки на дневен ред

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 11-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница ќе биде презентирана информација за текот на преговорите за пристапување кон Спогодбата на Светската трговска организација за јавни набавки, како и информацијата за подготовка на Шеснаесеттиот состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија кој ќе се одржи на 17 март 2020 година, во Брисел.

На оваа своја седница, Владата ќе го разгледа полугодишниот извештај за реализацијата на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството што ја реализира Развојната банка на Северна Македонија.

На предлог на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, на дневниот ред на оваа седница е извештајот за реализација на Програмата за поддршка на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија во 2019 година.

Редовната 11-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

фото: Архива

На почеток