сре. Апр 8th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Пожар во Ново Лисиче, пожарникарите извлекле петмина меѓу кои една неподвижна жена

Претпладнево изби пожар во два стана во зграда спроти ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба Ново Лисиче. Чадот е раширен низ целата населба.

Од запалениот стан пожарникарите извлекле петмина меѓу кои една неподвижна жена и маж кој од стресот не можел да оди па го симнувале во количка. Неподвижната жена со Итна помош е пренесена во болница.

Пожарникарите од скопската бригада се на терен и работат на гасење на пожарот.

Фото: Архива

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ: