Магазин

Русковска: Црвеното капче е старо 45 години, го плетеше тетка ми за сестра ми а потоа јас си го земав

Обвинителката Вилма Русковска го окупира медиумското влијание не само преку случаите кои ги работи, туку и по нејзиниот изглед.  На безмалку секое појавување во медиумите таа носи капче, шешир или беретка.  Русковска за mms.mk открива кој и помага при изборот на капи.

-Сама си ги бирам. Имам некои што ми се, како што е црвеното,  постаро од 45 години. Тоа тетка ми го плетеше за сестра ми а потоа јас си го земав.  Имам две капчиња кои ми се уште од 1983 година, од апсолвентска.  Црниот шешир, тој впечатливот, пак, си го купив пред 7-8 години во Скопје. Оној бордото исто така е земен од сестра ми и стар е 40 години. Капчињата ги сакам затоа што мислам дека убаво ми стојат. Купувам секогаш кога ќе видам некој интересен.  Сега кога бев  во Германија си купив една црвена беретка. Ете таа ми е најнова, инаку се друго е постаро.  Кога ги купувам секако дека важна ми е цената. Најскапа е беретката од Германија, која ја платив 90 евра. А тоа за мене се многу пари, вели Рускоска, за mms.mk .

Текстот во целост на: mms.mk .

На почеток