Актуелно

СДСМ: Мицкоски по налог на Груевски маршираше против правда

Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по налог од Будимпешта вечерва маршираа за правдата да не го стигне нивниот шеф Груевски и сите нивни функционери кои чекаат одговорност за сторените криминали, се вели во соопштението од СДСМ.
Извршителот Мицкоски вечерва призна – најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство кој обезбедува продолжување на сите предмети, кој е темел за градење силно и независно судство и обвинителство.
Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски вечерва маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и како во годините на режимот со закануваа кон судии, обвинители, новинари и медиуми.
Маршираше Мицкоски, а зад него старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата, кочничари и уништувачи на правдата!
Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.
Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев и нивните шефови Груевски и Мицкоски.
Тие ќе одговараат пред правдата. Тие се симбол на неправда и криминал.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да протестира против правдата, но криминалот на својот шеф Груевски и своите пајташи нема да го одбрани. Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: Архива

На почеток