Македонија

Две лица немаат коронавирус, а третиот се испитува – попладнево пристигнува нов авион од Италија

Двата сомнителни случаи кои беа испитувани поради симптоми на коронавирус, се со негативни резултати, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Двете лица патувале во Италија. За половина час, ќе се објават резултатите од третото лице, на кое исто така, му се направени испитувања за тоа дали се заболени од коронавирус.

„Денеска се очекува уште еден авион од Италија на скопскиот аеродром, а истовремено, започнува набавката на дезинфекциони средства за училиштата, како и заштитна опрема за медицинскиот персонал. Повторувам, да не се патува во регионите каде има коронавирус, како што е северна Италија“, посочи Филипче.

Координативната група размислува сите оние кои пристигнуваат во државата од загрозени подрачја, да бидат ставени под 24 часовен надзор, но неуште нема одлука за ова.

На почеток