Скопје

Ветер направи тотален хаос во Скопје: Летаат ѓубре, лимови и штици на сите страни – блокирани булевари

Силниот ветер во Скопје направи хаос низ улиците и булеварите, а го блокираше и сообраќајот. На главниот скопски булевар, каде има најмногу сообраќај, Партизански одреди, паднати се кровови од згради, со што булеварот е целосно блокиран. Од очевидци дознаваме дека на Партизанска моментално има два кубика дрва, кои никој не ги собира. Во моменот кога излетал последниот поркив, на улицата биле присутни вработеи во Комунална хигиена кои навремено се тргнале за лимот да не заврши на нивна глава.

Ништо поразлична состојба нема ниту во Аеродром. Имено, жителите велат дека од локалните градилишта летаат ѓубре, лимови, штици, песок и прашина на сите страни. Тие стравуваат дека доколку некој не превземе нешто, ни крив ни виновен може да настрада случаен минувач.

Силниот ветер и натаму трае, а е пропратен и со врнежи од дожд.

На почеток