Скопје

Раководство на скопска гимназија не сака да одложи екскурзија поради коронавирусот – кој се откаже ќе плати оштета

Ученици во средното уличиште „Георги Димитров“ се жалат дека раководството на уличиштето ги проморувало да ја одржат екскурзијата во Прага, која треба да се одржи на 10 март и покрај актуелната состојба со коронавирусот ширум светот. Родителите биле на родителски состанок, а таму им било кажано дека екскурзијата ќе се реализира бидејќи така одлучил директорот, наспроти, препораките на Владата да не се патува во критични подрачја.

Доколку ученик се откаже од екскурзијата ќе треба да плаќа оштета, бидејќи таков бил договорот со училиштето, им било кажано на родителите, сведочат тие за „Скопје1“. Тие се револтирани, бидејќи за нив ова претставува уцена. Тие ќе реагираат и  до останатите истанци за ваквото, како што велат, самоволно постапување на директорката.

Голем дел од родителите се децидни дека нивните деца нема да одат на закажаната екскурзија бидејќи е ризична за нив и нивното здравје.

На почеток