Македонија

Мицкоски вели предизборно мали се шансите за коалиција со албанска партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека предизборно се мали шансите за колицирање со политичка партија од албанскиот блок, но, вели постизборно подготвени се да разговараат.

„Во моментов, предизборно, мали се шансите да има таква партија. Ќе почекаме да се случи најголемата победа во независна Македонија, а потоа, се разбира доколку на политичка и проектна основа имаме какво било совпаѓање со кој било политички субјект, тука сме, подготвени сме да разговараме и да создадеме една коалиција“, рече Мицкоски.

фото: Архива

На почеток