Македонија

Филипче: Ново лице се испитува дали има коронавирус, резултатите наскоро

Се чекаат тестови на уште едно лице кое дошло од Рим. Сам се пријавил за испитувања бидејќи имал симтоми на грип. На Клиниката за инфективни болести нема други кои се јавиле со симтоми на коронавирус. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Заштитни средства од коронавирусот има во доволен број, посочи Филипче.

“Ние не се снабдуваме од аптеките како институција, во таа смисла резервите во министерството се доволни”, рече Филипче.

Во карантин се 12 лица кои патувале со заразената од коронавирус бидејќи останатите 8 патници имале контакт со уште четворица други.

На почеток