Македонија

Двајца Бугари кои работат во Македонија во домашна изолација 14 дена поради корона вирусот

Двајца бугарски државјани кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврдија од Центарот за јавно здравје, пренесува „САКАМДАКАЖАМ“. Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија. Тие вечера допатувале во Битола и се јавиле на проверка во Центарот за јавно здравје.

„Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена“, истакна меѓу другото  директоката Елизабета Крстевска од Центарот за јавно здравје за СДК.МК.

фото: Архива

 

На почеток