fbpx
чет. Мај 21st, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

МВР приведе манијак – оштетените го препознале

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал  до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.Ш.(26) од Скопје, ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело„задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело  задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20.01. и 03.02. годинава на бул.„Кочо Рацин  во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“  во Скопје. По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител.

фото: Архива