Македонија

ИРЛ: Мрсно платената орбанова пропагандна машина под истрага за перење пари

Рекламите за маслиново масло , како и други реклами кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми за реклами на фирми од Унгарија кои ниту имаат вработени ниту имаат приходи.

Пишуваат: Сашка Цветковска од ИРл, Бланка Золди од Директ 36 Унгарија и Анушка Делиќ од Остро Словенија, членки на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција со чијашто уредничка поддршка е направено ова истражување.

Ова е е компанијата Оливери во Будимпешта, Унгарија којашто постојано се рекламира на телевизијата Алфа и други онлајн медиуми за што се платиле повеќе од три милиони евра за 21 месец. Тие продаваат далматинско веб масло кое што доколку го нарачате во Македонија може да ве чини и повеќе од 30 евра со услугите за транспорт. Фотографијата ја направи Бланка Золди од Директ36. Иако тимот дојде во работно време, во малата барака на периферијатата на Будимпешта немаше никој.

Влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни транскации за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.

Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија стигаат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб сајт којшто продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании кои што се предмет на реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија, што ја доведува во прашање целта на трансакциите.

Македонската финасиска полиција го истражува овој случај, според документите до кои што дојде Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. Сомнежите се дека парите доаѓаат од сторени дело “перење пари”, а се отвара и можност истите да се “исцедени” од унгарските државни фондови преку нивниот концепт на државно финансирање на медиуми.

Целата истражувачка сторија на ИРЛ со клик Т У К А . 

На почеток