Свет

(ВИДЕО) Во Пакистан воз преполови автобус полн со патници

Најмалку 19 лица загинаа, а осум се повредени кога воз удри во автобус на необезбеден железнички премин во јужен Пакистан, соопштија пакистанските власти. Несреќата се случила во областа Рори, на околу 470 километри јужно од главниот град Карачи.

Сите настрадани се патници од автобусот, освен помошник машиновозачот, кој е полесно повреден.

Во Пакистан често пати доаѓа до железнички несреќи бидејќи железничката мрежа е многу лошо оддржувана, како наследство од британските колонизатори.

фото: ACE NEWS

 

На почеток