Видео и Фото

Нови два случаи со коронавирус во Македонија, но ќе се лекуваат дома

Од дванаесет тестирани случаи, три лица имаат коронавирус. Станува збор за лица од Дебар, кои контактирале со заболените од коронавирус, кои претходно беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје.

„Од сите испитани, двајца луѓе се позитивни на коронавирусот. Тоа се лица кои биле во континуиран контакт со претходните три лица кои се хоспитализирани. Имале чести контакти. Сите нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни. Тие ќе бидат во домашна изолација, нема да бидат хоспитализирани, бидејќи нивната состојба го дозволува тоа“, рече Филипче.

Седумте пациенти кои веќе се примени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба, информираше Филипче. Тој кажа дека ниту еден од пациент нема потреба од механичката вентилација.

Засега, ниту едно лице од оние кои се во изолација поради контакти со директорката на Клиниката за дерматологија која е заразена од коронавирусот, не појавило симтоми на болеста.

Владата усвоила низа од нови мерки со цел превенција од коронавирусот.

На почеток