Кај тројца повоздрасни пациенти заразени со коронавирус кои се на Инфективната клиника во Скопје има лесно влошување на состојбата, поради што кај нив се делува со поинтензивна терапија, но дишат самостојно и без потреба од респиратор. истакна предмалку на пресконференција министереот за здравство Венко Филипче.
- Сите тројца се во над 65/66 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, утрово е јавен еден пациент којшто на 7ми март дошол здрав од Германија, заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника. Ги очекуваме резултатите, земен е материјал. Јавноста ќе биде известена за неговиот резултат и резултатите на сите оние кои беа во изoлација во врска со првата, а на кои што им истече 14 дневниот период на изолација, истакна Филипче.
Министерот посоци дека ние како земја учиме од останатите земји.
„Во однос на предвидувањето, навистина е тешко да се каже и ќе повторам тоа што кажав на почетокот, учиме од останатите земји. Пред се од Италија, во интензивна коминикација сме со колеги од Италија, со колеги од СЗО. Се што не сакаме да се случи е Италија, затоа се овие радикални мерки, во оваа ситуација, кога имаме мал број заболеми и кога сме во групата на земји со низок ризок. Предвидување, точна прогноза, апсолутно никој не може да каже. Добро е што бројот на луѓе кои се заболени во Кина опаѓа. И тие воведоа радикални мерки“, истакна минстерот Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање Филипче кажа дека треба мерки за превенции да се превземат во судовите:
„Судот е место каде што навистина циркулриаат голем број луѓе. Би сакал денес да разговарам со министерката за правда како може да го решиме ова прашање, па ќе видиме како ќе го решиме ова прашање“, рече Филипче.
Филипче е категоричен дека Јавното здравје е врвен приоритет.
„ Секогаш е приоритет мерките да го постигнат ефектот и да го заштитат здравјето на граѓаните. Тоа и натаму ќе биде нашата цел. Сите мерки кои ги носиме, никогаш не ги разгледуваме низ призма кога почнува или завршува кампањата, односно кога се закажани изборите. Јавното здравје е врвен приоритет“, рече Филипче.
Благодарност до волонтерите на Црвениот крст, кои се силна поддршка на сите наши тимови, онаму кадешто побаравме – кадешто има капацитет излегоа во пресрет. Благодарност до апликацијата Мој Воздух, којашто од денеска ги споделува сите активности и иницијативи што ги преземаме. Дозволете согласно прашањата коишто стигнаа и по јавните мрежи и до Министерството за здравство да дадам коментар на уште две работи. Првата е, имаше информација дека се створила паника во Дебар – после проверката заклучивме дека тоа не е точно, градот нормално функционира, но со оглед на тоа што е единственото место кај нас кадешто има кластер на пациенти меѓукои има локална трансмисија, појачан тим од епидемиолози и инфектолози денеска и во текот на утрешниот ден ќе направат подетална епидемиолошка анализа на целото тоа подрачје.
Во однос на мерките за пуштање на работниците дома, обврските ги презема компанијата, кадешто работат за овие 14 дена. Сите овие мерки важат до 24.03.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/487950328748846/
фото: Архива
