Македонија

Четири нови случаи на корона во земјава

Денеска се потврдени уште 4 случаи на заболени со новиот коронавирус во Македонија, потврди министерството за здравство. Станува збор за втората група на хоспитализирани од Дебар кои до денеска биле во домашна изолација и кои сега ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести.

-Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар, за уште 10 лица во врска со втората група хоспитализирани пациенти, вкупно 24, сите во домашна изолација. Од нив 10 покажале знаци за горнореспираторно заболување. Локалниот епидемиолог ги земал материјалите и ги прати на испитување – четири од нив се позитивни, тоа значи уште четири нови пациенти, кои ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести. Сите четворица се со лесна клиничка слика, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Како што кажа минситерот, станува збор за лица од Дебар, на возраст од околу 55 години, кои биле во контакт со втората група заболени, односно со брачниот пар што беа втор и трет случај во земјава.

Филипче потенцира дека во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба.

фото: Архива

На почеток