Македонија

За два до три дена мора да се донесе одлука од правен аспект како да се одложат изборите

Експертскиот тим формиран по вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, за два до три дена треба да предложи правно решение за одлагање на изборите, поради ширење на корона вирусот. Експертскиот тим е во состав професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. На средбите  кои ќе ги одржуваат ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Лидерите на политичките партии се согласија дека поради состојбата со корона вирусот е потребно одложување на изборите закажани на 12 април.

На средбата присуствуваа лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити, а од ДПА учествуваа Орхан Ибраими и Фримзим Даути. На средбата присуавуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

На средбата се дискутирало за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот на Република Македонија. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, информираа од Кабинетот на државата.

фото:Архива

На почеток