Коронавирус

Се шири коронавирусот во Скопје преку контакти со веќе заболени

Епидемиолозите сметаат дека коронавирусот веќе се пренесува преку локална трансмисија во Скопје, односно од заболени на други граѓани. Министерот Венко Филипче ова го кажа на последната прес-коференција, а воедно соопшти и дека се работат посебни планови за тестирање, со цел овој тренд да се спречи.

„Веќе се работи планот за посебни пунктови во рамките на Здравствениот дом во Скопје, дозволете детали да известам кога ќе биде готов. Ова е според индикацијата на епидемиолозите, односно, тоа што го зборувавме за да правиме малку поширока индикација, во смисла да се опфатат поголем број на граѓани, население, со оглед дека има и локална трансмисија во градот Скопје“, рече Филипче.

Минситерството за здравство веќе соопшти дека масовни тестирања за коронавирус од понеделник ќе се прават во Скопје, а викендов во Струга и околината. Целта е преку масовни скрининзи да се уловат групите луѓе кои можеби и не се свесни дека го имаат вирусот. На располагање во моментов министерот вели дека имаат околу 1500 тестови, за 1000 тестови во тек е набавка, а очекуваат и донација од 1000 тестови.

фото: Архива

To Top