Свет

Медицинска сестра од Италија се самоубила, откако добила симптоми од корона вирус

Италија се бори со последни сили против епидемијата со коронавирусот. Вчера во Италија бројот на починати се искачи на 793 луѓе од коронавирусот. Додека државата секојдневно пријавува неколку стотина смртни случаи, а докторите апелираат на луѓето да останат дома, пристигнуваат уште страшни вести. Луѓето се чини неможат ни психички да го прифатат она што им се случува.

Имано, медицинска сестра извршила самоубиство додека ги чекала резултатите на тестот од коронавирусот, пренесува Marieclaire.gr.

Станува збор за медицинска сестра  стара 49 години, која работела во болница во градот Језоло. Таа бидејќи имала температура, но и симптом на коронавирус, нејзината анксиозност се зголемила. Направила тест за вирусот, но не  ги дочекала резултатите. Извршила самоубиство, а нејзиното тело во реката на 18-ти март го пронашол рибар.

Откако е идентификувана, никој од колегите не можел да верува дека се самоубила. Како што рекле, била посветена на работата и никој не очекувал дека би направила такво нешто.

Инаку на Италија во борбата против вирусот ќе и помага Русија. Руската војска ќе испрати медицинска помош во Италија во борба против корона вирусот по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека од денес воените транспортни авиони ќе пристигнат во Италија со осум екипи воени лекари, специјални возила за дезинфекција и друга воена опрема.

Путин синоќа разговарал со италијанскиот премиер Џузепе Конте, соопшти Кремљ.

фото: Архива

 

 

На почеток