Македонија

(ФОТО) Пожар во ТВ ВИС, Струмица – гореа студиото и техниката

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот.

Поголем дел од опремата е изгорен, а дел е уништен од водата за време на гасењето на огнот.

Засега не е познато кои се причините за пожарот и колкава материјална штета е причинета.

извор и фото: ТВ канал ВИС

 

На почеток