Свет

Силен земјотрес истокот на Русија, локалното население е евакуирано

Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер денеска го погоди истокот на Русија кај Курилските Острови, а регионалните власти издадоа предупредување за цунами.

Локалното население е евакуирано во повеќе делови на островот, поради опасност од цунами. Нема информации за материјална штета и жртви.

Земјотресот бил на длабочина од 59 километри.

Епицентарот на потресот бил југозападно од градот Северно-Курилска, на островот Парамушир, каде се почувствувал и земјотресот.

фото: Архива

На почеток