Актуелно

Казнен налог за три лица од Дебар

Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по три кривични пријави против три полнолнетни сторители до надлежниот суд во Дебар поднесе Предлог за издавање на казнен налог против обвинетите. Во одделни кривично правни настани со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од чл.206  став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од обвинетите, сопственици на угостителски објекти, спротивно на член 1 точка 9 од Одлуката со која се забранува работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници, ги отвориле и примиле и послужувале гости. Третиот обвинет иако знаек дека е прогласена кризна состојба – карантин за општините Дебар и Центар Жупа, тој преку спореден пат во близина на Бошков мост се обидел да ја избегне полициската контрола и да го напушти подрачјето на Општина Дебар. Откако се приклучил на регионалниот пат Скудриње – Гостивар бил запрен од полициски службеници и вратен назад.

Обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар. Обвинителството врз основа на доказите што ги поседува побара од судот на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.​​

фото: Архива

На почеток