Актуелно

Угриноска назначена за претседавач на Комитет за млади при Совет на Европа

Андреа Угриноска, претседателката на Советот за Човекови Права на ЛДП, е избрана за претседавач на советодавниот Комитет за млади при Советот на Европа, кој е дел од институционалниот систем на со управување на младинската политика на најстарата паневропска институција – заштитник на демократијата и човековите права на континентот.

„Од се срце и честитам на Андреа и ѝ посакувам успех. Нејзиниот избор одлично се вклопува во серијалот на добри вести од НАТО, ЕУ а еве сега и од Советот на Европа. Горди сме на квалитетниот кадар кој доживува меѓународни признанија и придонесува за угледот на нашата татковина”, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП.

„Тешко е да се остане позитивен и да се прослави овој успех во вакви тешки времиња. Сепак, чувстувам оргомна чест и благодарност за можноста да влијаам на општеството во времиња кога верувам дека тоа е најмногу потребно”, вели Андреа Угриноска по нејзиниот избор.

Андреа Угриноска е од Скопје, моментално живее и работи во Лондон каде претходно беше Извршна Директорка на Светската Федерација на Либерална Младина – IFLRY, чиј е полноправен член Либерално-демократската младина. Пред заминувањето во Лондон, Андреа беше во Управниот одбор на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ).

фото: ЛДП

На почеток