Актуелно

Малеска Стојадиновиќ преку соопштение објаснува: Сите раководители беа задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица заразени со коронавирус

Поради споменување на моето име како и името на институцијата ЈЗУ Општа болница-Охрид во изминативе два дена чувстувам одговорност да ја информирам јавноста за досегашното работење на болницата и раководниот тим од денот на донесување на мерките и препораките од Владата за спречување на шитењето на коронавирусот, се вели во соопштенито од директорката на Општата болница Охрид, Славица Малеска Стојадиновиќ.

Поради најавата за нејзино разрешување Стојадиновиќ во продолжение на соопштението додава:

Општата болница Охрид и раководниот тим од денот на донесувањето на мерките во врска со состојбата настаната со епидемијата на коронавирусот и препораките на Владата за спречување на вирусот има подржано повеќе состаноци со Комисијата за интерхоспитални инфкеции во состав од епидемиолог и спец. инфектолог по што се донесени повеќе заклучоци и изготвени протоколи за постапување на сите оддели и одделенија во склоп на болницата.

Исто така сите раководители се задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирус. Инфективното одделение при болницата, како одделение кое згрижува пациенти со инфективна патологија, доби протокол за постапување со лица заболени од коронавирус од страна ма Министерството за здравство и беше обезбедена неопходна опрема за лична заштита на персоналот која одговара на работните задачи кои се зивршуваат во дадениот момент.

Од моја страна како директор на Општа болница Охрид покрај спроведените горенаведени мерки е изготвена писмена наредба во која се наредува на раководителот и вработеите на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош. Во врска со објавените наводи во одредени медиуми за непостапувањето односно непружањето на здравствената заштита од страна на специјалистите на инфективното одделение од наша страна најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита, се вели во соопштението од Општа болница Охрид.

фото: Архива

На почеток