Магазин

(ВИДЕО) Роденденско изненадување за Пармаковска, во карантин

Писателката Фросина Пармаковска веќе неколку дена се наоѓа во државен карантин во хотелот „Ибис“ во Скопје, поради тоа што, како што кажа за Плусинфо, изминатиов период го поминала во Софија, Бугарија.

Но, токму денешниот ден ќе го памети засекогаш. По повод нејзиниот роденден, вработените во хотелот ѝ приредија роденденско изненадување.

– Навистина бев изненадена кога ги видов вработените во хотелот како стојат пред мојата врата и ми ја пеат роденденската песна. Најпрво не можев да сфатам што се случува и како воопшто знаат дека ми е роденден, но потоа ми кажаа дека датумот го прочитале во мојот пасош. Среќна сум! – вели Пармаковска за Плусинфо.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА., а видеото ќе го пронајдете во самите коментари под фотографијата.

Извор: Плусинфо

фото: Плусинфо

На почеток