Свет

Жена од Белгија одбила да биде вклучена на респиратор: Имав добар живот, приклучете некој помлад

Деведесетгодишна жена од Белгија починала откако одбила лекарите да ја приклучат на респиратор, порачувајќи дека имала добар живот и дека треба да му се помогне на некој помлад кој се бори со коронавирусот.

„Не сакам да ме ставите на респиратор. Зачувајте го за некој помлад. Имав добар живот“, рекла сега веќе починатата Сузан Хоилертс. Таа во болницата била примена на 20 март кога и била тестирана за коронавирус. Позитивна на коронавирус била и нејзината ќерка која била сместена во изолација и не успеала да се збогува со мајка си.

„Немав шанса да се простам со неа, ниту да присуствувам на погребот“, рекла ќерка и Џудит. Таа вели дека не знае како мајка и се заразила, бидејќи постојано била дома и ги почитувала мерките на изолација. Џудит додава дека нејзината мајка и минатата година била во болница поради воспаление на белите дробови.

„Кога ја одведоа во болница, ми рече да не плачам бидејќи сум направила се што сум можела“, нагласува Џудит.

На почеток