Коронавирус

(ВИДЕО) Михаела од Скопје ја победи короната, пее за медицинските лица и пациентите

Михаела Јаневска од Скопје е едена од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома.

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – напиша Михаела.

Таа на својот Фејсбук профил сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се борат со оваа болест.

https://www.facebook.com/MihaelaJanevska/videos/3419701094723625/

На почеток