fbpx
пон. Мај 25th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Филипче со детали за починатата родилка од Охрид

На денешната прес конференција министерот за здравство изнесе детали за родилката од Куманово кој има корона вирус, како и за родилката од Охрид кој почина синоќа.

„Родилката беше донесена вчера во попладневните часови, на 37-годишна возраст од Охрид, со возило на брза помош била со високо фебрилна телесна температура – покачена, 39 степени и со практично констатиран мртов плод. Биле направени целосни анализи, земен е брис за коронавирусот и лекарите оперативно го извадиле плодот и од стомакот на мајката евакуиран е гној што може да е причина за фебрилноста, но во секој случај се чекаат резултатите од брисот. За време на интервенцијата се влошила состојбата, бил направен обид за реанимација, но во 22:00 часот била констатирана смрт, истакна министерот.

Министерот Филипче изрази уверување дека ќе биде направена обдукција, дека станува збор за комплексен случај и комплексна пациентка со прекумерна телесна тежина, висок крвен притисок, тахикардија кои значајно ја отежнуваат бременоста.

„И двете родилки се третирани и е постапено според протоколот за изолација во Гинеколошко – акушерската клиника која што е институција која ги третира и породува сите родилки со оглед на тоа што во болницата „8 Септември“ каде се прават другите интервенции за пациенти суспектни или позитивни на коронавирусот нема Гинеколошко-акушерско одделение, со цел да се растерети работата на Клиниката во договор со болницата во Чаир, другите случаи по потреба се упатуваат таму за да се ослободат капацитетите. Апелирам сите пациентки кои доаѓаат на Клиниката за гинекологија и акушерство да се придржуваат до сите дадени насоки, да ги кажуваат точните информации заради тоа што тоа е исклучително битно за зачувување на здравјето на родилките и нивните новороденчиња. Целокупниот процес на раѓања е организиран, таму има и една операциона сала целосно посветена на пациентки на кои ќе им биде дијагностициран или се високо суспектни за коронавирусот со тим спремен да постапи во вакви случаи“, потенцираше министерот Филипче.

фото: Архива