Македонија

Времено се забранува вработување во јавен сектор

На попладневната седница Владата донесе заклучок со кој времено забрани нови вработувања во јавниот сектор.Се забрануваат и  нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот, одлучи вечерва Владата.

Во соопштението од Владата се вели доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата. Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

фото: Архива

На почеток