Коментари

Трипуновски:Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз – нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно

Фејсбук објава на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ, во врска со укинувањето на извозот на брашно:

Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз со цел обезбедување доволно храна и други намирници кои се потребни за непреченото функционирање на животот на граѓаните, без тие да ги трпат негативните ефекти како недостаток на намирници и покачени цени, нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно. Внимавајте, Македонија не може од сопствено производство на пченица да ги задоволи ниту сопствените потреби за лебно зрно и брашно, а сега во ек на криза сакаме да извезуваме брашно.

Нормално е поедини трговци во борба за денар повеќе да сакаат да продаваат надвор, но ненормално е државата тоа да го дозволи. Обврска на владата е да го заштити домашниот пазар.

Зошто не смее да се дозволи извоз на брашно:

1. Македонија е држава која и сама увезува пченица за задоволување на сопствените потреби. Никој не знае каква ќе биде реколтата годинава, ниту во нашата држава, ниту во светот. Секое зрно е важно.

2. Може да се јави забрана за увоз на пченица, со што ќе нема како да се произведе брашно за македонскиот пазар.

3. Големиот извоз ќе предизвика намалување на домашните залихи и поскапување на цените.

Македонија на прво место❗️

На почеток