Македонија

off.net: До наставниците кои држат онлајн настава: Забушавајте малку

Ако некогаш треба да се олабавите од високи очекувања и амбициозно спроведување на наставно-научната програма, сега е е тоа. Ниту вашите ученици ви се пред очи па да знаете во каква ситуација се дома, ниту пак вашата лекција е најбитна во вакво време. Го живеат најсреќниот период од животот во услови на карантин, објави off.net.mk.

Зошто е пресудно третодделенец баш сега да научи кои се единици на локалната самоуправа?

Ако допрва откривате какви сè згодни алатки постојат наоколу за онлајн настава, сопрете тука. Просто, сопрете. Да ви беше тоа битно, ќе го откриевте и порано.

– Немојте да верувате дека дома сите ваши ученици имаат совршени услови за следење онлајн настава. Можеби немаат компјутер, принтер, скенер, најбрз интернет…. Ниту се должни да имаат, ниту пак да полагаат некому сметка зошто е тоа така.

– Некои од нив пристапуваат на интернет преку нивните мобилни телефони. На пакети со ограничен интернет. Не мора да го потрошат цел интернет за онлајн настава, може да им затреба интернетот за нешто многу поважно.

– Не инсистирајте сите да прават тестови во исто време бидејќи не знаете како им е дома. Можеби имаат само еден компјутер или лап-топ, а во закажаното време некој од родителите мора да работи на него.

Текстот во целост на: off.net.mk.

фото:Bljesak.info

 

На почеток