Свет

(ВИДЕО) Полугол маж се шетал по улица и се заканувал со два меча

Шпанската полиција уапси маж во Мадрид, кој се шетал на сред улица гол до половина и вооружен со два мечеви. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како шета на средина на улица, која според информациите се наоѓа во мадридската населба Мораталас и како мавта со мачетите. На лице место стигнала полицијата и го уапсила.

Но, наместо да се предаде, човекот почна да им се заканува на полицајците и да го крши стаклото на нивните возила.

Според наводите од агенцијата „Еуропа прес“, која се повикува на извори во полицијата, напаѓачот тврдел дека е заразен со коронавирус.

фото: El Confidencial

 

На почеток