Свет

Од корона вирус почина големиот италијански дизајнер на обувки Серџо Роси

Модниот свет го испраќа Серџо Роси. Легендарниот дизајнер почина како последица на КОВИД-19 неколку дена откако беше хоспитализиран во Чезена, Италија.

Утре, недела е прогласен за ден на жалост во Италија, во неговиот роден град Сан Мауро Пасколи. Тој создаде голем број работни места за своите сограѓани, уште од почетоците на градењето на модниот бренд за обувки кој го носи неговото име, во 1951 година.

Серџо Роси починал во четвртокот вечерта во болница на северот од Италија, а градоначалничката на неговиот град кој има околу 47 000 жители изјавила: „Неговата смрт е голема загуба за нашата заедница“.

Во 1999 година Гуќи презеде 70% од компанијата на брендот за обувки „Серџо Роси“, а потоа во 2005 година и останатите 30%. Роси почина на 85 годишна воздраст.

фото:Azra Magazin

 

На почеток