Коронавирус

Почина маж од струшко Лабуништа на Инфективната клиника во Скопје, 15 заболени со корона во тешка состојба

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 72 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни, соопшти министерот Венко Филипче.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

На почеток