Свет

Тигрица во зоолошката градина Бронкс позитивна за коронавирусот

Тигрица во зоолошката градина Бронкс во Њујорк е позитивна на коронавирусот, потврди американската ветеринарна лабораторија. Се верува дека тигрицата Надја била заразена од чуварот кој не покажал никакви симптоми на ковид-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а во моментов нема други заразени животни.

„И покрај тоа што имаа намален апетит, сите тигри и диви мачки во зоолошката градина се чувствуваат добро“, велат од зоолошката градина.

„Се уште не знаеме како ќе се развие оваа болест кај големите мачки бидејќи различни видови различно реагираат на инфекции, но ние ќе продолжиме да ги следиме. Очекуваме тие целосно да се опорават“, додаваат тие.

Зоолошката градина Бронкс се затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

фото: Архива

На почеток