Македонија

Владата ја усвои апликацијата “StopKorona! – мобилна апликација за справување со КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација справување со КОВИД-19”, и го овласти Министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу Друштво за информатичка технологија Некстсенс ДОО како Давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.
Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните на Република Северна Македонија, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.
фото: Архива
На почеток