fbpx
саб. Мај 23rd, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Утрово земјотрес во Албанија, почувствуван и кај нас

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, утринава 08.04.2020 година во 06 часот и 30 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 155 km југозападно од Скопје во соседна Република Албанија, а потекнува од пограничното епицентрално подрачје Корча.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 3.7, а беше почувствуван и во нашава земја особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

фото: Архива