Македонија

„Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ по медиумскиот притисок ги отвори сите филијали

Утрово сликата пред филијалата на „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ сосема различна од таа која ја објавивме вчера. Банката под медиумскиот притисок кој го извршија порталите „Охрид 1“ и „Скопје 1“.

По медиумските објави во текот на вчерашниот ден банката презеде исправни чекори и ги отвори сите шалтери во централната филијала, а од утрово работат шалтерите и на филијалата кај „Мини Маркет“.

Во меѓувреме инбоксот на нашите Фејсбук страни е преполн со пораки од граѓани на Охрид кои потврдуваат дека немаат картички, додека банакта вчера соопшти дека не е точно дека картички не биле доставени до корисниците на услуги.

БАНКАТА НЕМА ДОСТАВЕНО КАРТИЧКИ НА ПЕНЗИОНЕРИ НО И НА ВРАБОТЕНИ ВО ОХРИД

Охридска Банка преку СМС пораки пред околу еден месец ги известила своите коминтенти дека нема да може обновените картички да ги подигаат во експозитурите на банката и дека истите банката ќе им ги испрати по пошта. Но најголем дел од граѓаните немаат добиено картички по пошта и единствено што им преостануваше беше да чекаат со часови и денови во огромниот ред пред филијалата во центар, за да подигнат пари. Најголем дел од тие граѓани се пензионери, но вчера во редакцијата на „Охрид 1“ и „Скопје 1“ се јавија десетици вработени во фирми од Охрид кои исто така останале без обновени картички бидејќи  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  не ги доставува картичките веќе еден месец до граѓаните. Ситуацијата стана дотолку полоша бидејќи од денес се на сила порестриктивни мерки , а викендот не очекува и карантин од 61 час.

БАНКАТА ДОСТАВИЛА КАРТИЧКА КАЈ МАЈКАТА НА СОПСТВЕНИКОТ НА „Охрид 1“ и „Скопје 1“

Вработени во  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  вчера дваесетина минути од како пиар службата на банката била контактирана од нашиот медиум, пристигнале во домот на мајката на сопственикот на нашата медиумска куќа и лично и ја врачиле картичката. За оваа посета постојат и видео снимки од надзорните камери на куќата каде живее мајката на сопственикот на порталите.

Веднаш по ова, нашата редакција ги испрати следното прашање до  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  :

„Дали  „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“  на ден 7 април вршела достава на картички по домовите на граѓани на Охрид ?“ , но од банката до објавата на овој текст немаат дадено одговор на ова прашање, па останува нејасно дали банката се погрижила за своите клиенти или ова е изолиран случај на понудена сосема непотребна привилегија само на една пензионерка од Охрид ( случајно мајка на сопственикот на медиумот кој ја притисна банката да се грижи за своите коминтенти ) додека другите чекаа редови со денови.

Останува да видиме кога „Охридска Банка“ – дел од „Шпаркасе“ ќе ги достави картичките до пензионерите кои ги чека 61 часовен карантин.

ВАКА Е ДЕНЕС ПРЕД ОХРИДСКА БАНКА :

На почеток